СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ не им одговара транспарентноста и слободниот пазар и затоа изнесуваат лажни сценарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со фактот дека парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф шор шеми за лично богатење на поединци, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„11 години ВМРО – ДПМНЕ ги контролираа и беа вклучени во различни бизниси во државата. Навикнати на таков однос, ВМРО ДПМНЕ се уште не можат да разберат свесни дека тоа време заврши и затоа продолжуваат со лицемерните соопштенија од луксузниот бел дворец изграден во време додека граѓаните осиромашуваа.

Не е точно дека фирми на вицепремиерот Кочо Анѓушев добивале тендери и од тоа профитирал, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Вистината е дека ниту една фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев не учествува на тендери и јавни набавки.

Заврши времето на оф шор компании и шемите со фирми од Белизе. Денес сите компании имаат еднакво право и услови за учество на пазарот, а трговијата е слободна.

Денес, сите имаат еднаков пристап и можности за учество на јавен повик за тендер, доколку ги исполнуваат бараните услови.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата