СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ која е научена само да зема од граѓаните им пречи новиот парк

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО – ДПМНЕ ќе остане запаметена како партија во чие време царуваше урбаната мафија.

СДСМ вети дека ќе стави крај на урбаната мафија и бетонскиот изглед на Скопје и тоа го прави.

Очигледно на профитерската ВМРО-ДПМНЕ која е научена само да зема од граѓаните сега им смета и новиот парк кој власта предводена од СДСМ го прави за граѓаните.

На местото на шутот и ѓубрето или „урбаната депонија“ која ја остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник на Карпош, Јакимовски треба да се изгради зелен појас – продолжение на Градскиот парк, на површина поголема од 65.000 м2.

Сите обиди и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ за овој зелен појас им паѓаат во вода. Новиот парк се изведува на јавна површина со намена Д3 – спорт и рекреација и воопшто не се работи на делот каде што се бунарските води, а истиот е со намена Д2 – заштитно зеленило.

Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ се што нема личен профит, не е вредно да се прави.

И додека, СДСМ и власта која ја предводи се залага за обнова на зеленилото и зголемување на неговите површини, ВМРО-ДПМНЕ се залага за обнова на урбаната мафија, повеќе бетон и уништување на населби како што ја уништи населбата „Тафталиџе“.

Затоа што токму оваа партија заедно со Јакимовски, на местото каде сега се прави паркот, носеле ДУП – ови кои опфаќаат изградба на згради токму во истата заштитна зона, со минимум две подземни нивоа. Значи за ВМРО-ДПМНЕ во втората заштитна зона дозволена е изградба на згради, но не и садење на нови дрвја и изведба на парк?

Оваа партија никогаш не се грижела за граѓаните, за нив е важен само личниот интерес и профит.

СДСМ ќе продолжи и понатаму да вложува во надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина, за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните