СДСМ: На прав пат сме, сите капацитети ги ставаме во функција на граѓаните

Од:

„СДСМ го засилува присуството на терен, меѓу граѓаните низ целата држава. Во текот на летото организирани беа над 500 маалски и урбани средби на партиски функционери со граѓаните.

Таквите активности дополнително ќе се интензивираат.

Започнува караванот трибини „На прав пат“ на кои ќе разговараме со граѓаните, ќе ги слушнеме нивните ставови и ќе ги следиме.

Утре, Штип е домаќин на првата трибина на која ќе учествува и претседателот Зоран Заев“, велат од СДСМ.

„Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори.

Сугестиите и предлозите што граѓаните ги дадоа за време на маалски и урбаните средби, како и сите предлози што ќе произлезат од овие трибини ќе ги вградиме во нови мерки и политики, во нова програма од интерес на граѓаните.

За таа цел, сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните.

На прав пат сме! Економијата е на прав пат со рекорден раст од +4.1%, со историски најниска невработеност и 50 илјади нови работни места за само 2 години.

Социјалната реформа е на прав пат, со која обезбедивме подобар живот за 300.000 граѓаните.

Концептот за враќање на парите кај граѓаните е на прав пат!

Како одговорна партија продолжуваме да бидеме меѓу граѓаните и да работиме исклучиво во нивен интерес“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

За младите на Олимпијадата немало пари, ама имало за ПР агенции на власта, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски