СДСМ: На обвинетиот Груевски му вртат грб и неговите пратеници

Од:

„И на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им стана јасно дека е готово со Никола Груевски. Соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, тие се поотворено го критикуваат раководството на партијата за криминалното и коруптивно владење.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија Васко Наумовски објави писмо во кое отворено зборува за незадоволството од оваа власт во дијаспората, а кое го завршува со реченицата: Целосната власт – целосно корумпира!

Тоа за што говори денес Васко Наумовски некогашниот близок соработник на Никола Груевски, граѓаните го чувствуваат веќе десет години. Добрата вест за граѓаните е дека коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ завршува на 11 декември.

Новата влада ќе се посвети вистински на интересите на сите граѓани, вклучително и на иселениците од нашата земја“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски