СДСМ: На Мицкоски и Бачев заеднички им се деструкциите, затоа немаат поддршка од граѓаните

Од:

„На Мицкоски и Јанко Бачев, заеднички им се деструкциите, блокадите, начинот на делување против НАТО и ЕУ.
Мицкоски и поранешниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев беа од истиот тим на Никола Груевски, осудениот криминалец кој 11 години ја држеше земјата во изолација, темнина, криминал и неизвесност.

Мицкоски и Бачев се дел од иста антизападна матрица и затоа немаат поддршка од граѓаните.

На Мицкоски и на Бачев треба да им биде јасно дека нема да го блокираат напредокот на Македонија, нема да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО.

Граѓаните на Македонија го поразија режимот на Груевски и зачекорија кон светла иднина во најмоќните светски сојузи, ЕУ и НАТО и враќање назад нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната