СДСМ: На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум?

Од:

СДСМ ги демантира лагите и измислиците на провладиниот „Курир“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка, се вели во писмената реакција на СДСМ на текст на Курир со наслов „Заев во Грција бил во неговата луксузна куќа?“.

Очигледна е нервозата кај власта штом решила со лажни, целосно измислени текстови да се брани за прашањата кои што јавноста ги поставува за луксузниот одмор на Никола Груевски.

И наместо да измислува и да лаже, власта нека одговори:

На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција?

Дали луксузниот одмор на Груевски го плаќаат македонските граѓани и колку чини?

Колку вкупно лица го придружуваат Никола Груевски и кој го плаќа нивниот ангажан?

Која е основата некој друг да го плати одморот на Груевски и дали овој поклон е уредно пријавен од страна на Груевски?

Бидејќи лагите, измислиците и тенденциозните дезинформации кои ги пласира „Курир“ во споменатиот текст го нарушуваат угледот и честа на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета бараме извинување од порталот „Курир“ и повлекување на објавените невистини.

Исто така бараме повлекување на објавените невистини и од сите медиуми кои ќе го пренесат спорниот текст.

Во смисла на став 2 и 3 од истиот член бараме извинувањето да биде објавено на исто место и ист обем како и спорниот текст.

Во спротивно, ќе следува судска постапка, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски