ВИДЕО: СДСМ на 3 март ќе го објави кандидатот за претседател на државата

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски по завршувањето на состанокот на Извршниот одбор на партијата изјави дека на трети март оваа година најверојатно ќе биде закажан Конгрес, на кој ќе биде избран кандидатот на СДСМ за претседател на Република Македонија.

Како што информираше Кирацовски, на Извршниот одбор се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата, а се разгледувал и предлогот за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските.

– СДСМ на Централниот одбор ќе ги разгледува сите предности и недостатоци за предвремени парламентарни избори и дали истите ќе одат во прилог на Република Македонија или не. Се надевам дека вечерва Централниот одбор ќе донесе одлука по ова прашање, а доколку не, Извршниот одбор ќе биде задолжен дополнително да ја извести јавноста за одлуката, рече Кирацовски.

Исто така, на Извршниот одбор се разговарало и за кандидатите за градоначалници за локалните избори, кои ќе се одржат на три места во државата, Охрид, Ново Село и Дебар.

Централниот одбор на СДСМ започна без присуство на претседателот на партијата, Зоран Заев. Тој доцни, откако авионот со кој што доаѓаше од самитот во Давос, мораше да слета во Софија, наместо во Скопје, поради лошите временски услови.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?