СДСМ: На 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат нов пораз од граѓаните

Од:

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во изолација, автократија и криминален режим. Таквото зло веќе никогаш нема да се повтори.

За само две и пол години, преку одговорни политики СДСМ ја вбрати слободата и демократијата, а државата повторно е на евоатлантскиот курс како извесна 30 земја членка на НАТО.

Преку успешните политики во економијата се обезбеди стабилен економски раст, нови работни места и повисоки плати во сите сектори.

Денес, парите наместо во белиот дворец завршуваат кај граѓаните“, велат од СДСМ.

„Се што ВМРО-ДПМНЕ е обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата, конфликтите и поделбите.

Со таква понуда Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат нов убедлив пораз на изборите на 12 април.

Зоран Заев е политичар со убедливо најголема доверба кај граѓаните и по 12 април, со чист 4 годишен мандат, ќе ја предводи Владата, државата, напредокот.

Граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека сме на прав пат и одлучно ќе порачаат: режим – никогаш повеќе“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он