СДСМ: Муцунски и Арсовска повторно сечат дрвја на улица Васко Карангелески

Од:

Тимчо Муцунски и Данела Арсовска ветуваа зголемување на зеленилото во Аеродром и Скопје, а делата покажуваат сосема спротивна состојба на терен. На ул. Васко Карангелески повторно се сечат високостеблести зелени дрвја рече на прес конференција Виктор Ѓошев од СДММ.

– Пред локалните избори и Муцунски и Арсовска, но и ВМРО-ДПМНЕ и Левица ветуваа дека ќе се спротивставуваат на секоја сеча на дрва во градот и општината. Ветуваа дека ако треба и со жив штит ќе ги бранат дрвјата на ул. Васко Карангелески. Повторно прашуваме каде беше градоначалникот Муцунски да го штити зеленилото како што ветуваше токму од овде пред локалните избори? Зошто свесно ги лажеше граѓаните дека нема да се сечат овие дрвја? Исто како и Муцунски, и Аросвска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрвја и дека на тоа остро ќе се спротивставувала. Каде беше вчера и градоначалничката Арсовска да ја запре сечата вели Ѓошев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар