СДСМ: МРТВ ги крие милионските долгови во финансиските извештаи

Од:

„Должничката црна листа на УЈП повторно ја оцрни Македонската радио телевизија со долг по основ на неплатени даноци во висина од 1 милион и 205 илјади евра.

Прашање е дали МРТВ почна да го крие своето лошо работење, а УЈП да го толерира таквото лошо работење?

Во својот последен годишен извештај за 2015 година МРТВ вели дека остварила добивка од 1 милион и 56 илјади евра.

МРТВ во последните две години за три пати го има зголемено долгот по основ на даноци.

На должничката листа број 01/2016 за доспеани долгови до 20.09.2015, а неплатени до 31.12.2015, Македонската радио телевизија се најде на 14-то место со долг од 2 милиони евра по основ на ДДВ и данок на добивка.

Најновата должничка листа на УЈП открива дека МТВ и понатаму во 2016 година има сеуште екстремно висок долг од 1 милион и 205 илјади евра по основ на неплатени даноци.

По кој основ Македонската радио телевизија во својот последен годишен извештај за 2015 си прикажува позитивен финансиски резултат повисок од 1 милион евра, а реално трупа долгови кон УЈП од 2 милиони евра во 2015?

УЈП тоа не го крие, МРТВ постојано е на должничките листи, но очигледно го толерира ваквото расипничко однесување на јавниот сервис.

Додека десетици илјади граѓани, меѓу кои и приматели на социјална помош и невработени лица имаат блокирани сметки за радиодифузна такса јавниот сервис на власта МТВ слободно трупа долгови по основ на даноци, а Управата за јавни приходи, освен што краткорочно ја блокираше сметката на МРТВ, не превзема ништо друго.

Граѓаните повеќе не сакаат ниту да ја гледаат, ниту да ја плаќаат режимската Македонска радио телевизија.

Затоа Македонија е на нозе!Граѓаните си ја бараат назад државата и слободата!

Откако ќе замине оваа расипничка власт, МРТВ повторно ќе биде јавен сервис финансиран од буџетот на Р.Македонија којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на Р.Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел