СДСМ: МРТ е класично партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

Од:

СДСМ констатира дека Националниот сервис, Македонска радио телевизија, не ја извршува законската обврска за професионално, објективно и непристрасно информирање на јавноста туку, велат, е претворена во класично партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Еве што стои во сооштението на СДСМ:

Националниот сервис, Македонската радио телевизија, известува селективно и пристрасно во интерес на власта.

Македонската радио телевизија, спротивно на законските одредби и обврски да обезбеди еднаков медиумски простор за сите политички субјекти реализираше медиумска блокада на клучните изјави и ставови на СДСМ.

Обраќањето на Никола Груевски, од страна на МРТВ беше пренесено во живо, во текот на денот и во интегрална форма. Но, обраќањето на лидерот на опозицијата, Зоран Заев не беше пренесено во живо, ниту пак интегрално.

Дополнително, во вториот Дневник на МРТВ, на Никола Груевски му беа отстапени повеќе минути во ударниот дел а од обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, МРТВ пренесе само кратка изјава, пократка од 40 секунди. Иако, во истиот Дневник беа пренесени изјави од портпаролот на МВР но и интервјуто со Гордана Јанкулоска кое беше емитувано и во дневникот во 17:00 часот.

МРТВ емитуваше дел од обраќањето на Претседателот Заев, без одговорите на прашањата, дури околу 1 часот, по полноќ, што значи, наредниот ден.

Дури МРТВ организираше и специјална дебата за одбрана на власта, кадешто единствени гости беа најверните поддржувачи на Груевски. Тоа е само дополнителна потврда во што се претвори МРТВ.

Еднаков простор во вестите и во сите програми и емисии од информативен карактер за сите политички субјекти е законско право и обврска на јавниот сервис.

За начинот на однесување на МРТВ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ги запознае сите релевантни домашни и меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница