СДСМ: „Мој термин“ е бренд на смртноста и катастрофата во здравството

Од:

Нефункционалниот систем „Мој термин“ којшто придуцира огромни проблеми на штета на граѓаните и лекарите може да биде бренд на смртноста и катастрофата во здравство на Никола Тодоров. Дури 82 новороденчиња починале во првите шест месеци од оваа година само на Клиниката за гинекологија во Скопје, стои во соопштението на СДСМ.

“Новороденчиња и родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина. А криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството!

Министерот-смрт, како што го нарекуваат Никола Тодоров, требаше одамна да замине од позицијата и да ја понесе одговорноста за катастрофалните последици од нефункционалниот систем на здравството.

Никола Тодоров никогаш не отишол да закаже преглед преку „Мој тернмин“, не чекал по ходниците и не ги видел изморените лица на болните како безнадежно седат пред вратите.

Низ клиничките ходници се создаваат редици од нервозни граѓани и лекари. Медицинскиот персонал, притиснат од лошите услови и обемната административна процедура што им е наметната, не може да прегледува нормално. Пациените не можат да се прегледаат. Затоа ќе замине оваа криминална власт.

Криминалната власт на Никола Груевски ќе ја казнат родителите кои останаа без бебиња, дијабетичарите без инсулин, болните од малигни заболувања без лекови, болните со ретки болести, луѓето кои пешачат по 20 километри до најблиската амбуланта, граѓаните коишто се оставени без здравствена заштита, лекарите“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски