СДСМ: Младинските политики ја иницираат иновативноста и обезбедуваат финансиска поддршка

Од:

„СДСМ е одговорна партија која има слух за младите и преку своите мерки и политики го поттикнува личниот, социјалниот и професионален развој на младите и го унапредува младинскиот стандард.

Во таа насока се мерките на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), со инструменти, наменети за младите, кои ја поттикнуваат иновативноста и ја обезбедуваат неопходната финансиска поддршка.

Како дел од тие мерки се кофинансираните грантови за новоосновани старт ап и спин офф компании, при што Фондот покрива до 85% од вредноста на проектот, а досега се финансирани над 100 старт ап компании со вкупно 2,5 милиони евра“, велат од СДСМ.

„Тука е вклучено и кофинансирањето на деловно-технолошки акцелератори, кои обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како канцелариски простор, административна поддршка, обука, советување, менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции.

Фондот досега инвестираше 1,5 милиони евра во три акцелератори и тоа УКИМ Акцелератор, Сивус и Х Фактор акцелераторот од Велес.

Покрај овие мерки, Фондот за иновации и технолошки развој го има и предизвикот за млади истражувачи, а досега за истражувачки проекти од природните и техничките науки се доделении 10,2 милиони денари на 32 основни и 22 средни училишта низ целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и нивните потреби и со криминалните политики го поттикнуваше иселувањето на младите од државата.

СДСМ продолжува да се залага за младите преку обезбедување на стабилност, добро платени работни места, сигурна и јасна визија за иднината дома во својата држава. Затоа младите на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он