СДСМ: Мизрахи призна дека ВМРО-ДПМНЕ го остави Заводот во Демир Капија да пропаѓа

Од:

„Техничката министерка за труд и социјални работи Рашела Мизрахи самата призна дека ВМРО-ДПМНЕ со својата негрижа во текот на единаесетгодишното владеење го остави Специјалниот завод во Демир Капија во катастрофална состојба.

СДСМ пред 2,5 години го затекна Заводот во Демир Капија со 227 штитеници, за кои се грижеа 41 негувател, а денеска во заводот се сместени 189 лица, за кои се грижат 40 негуватели. Денес еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест – состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот“, велат од СДСМ.

„21 поранешен корисник на Специјалниот завод Демир Капија се сместени во пет групни домови, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица.

Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи – „еден негувател на еден корисник“.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години комплетно ги игнорираше лицата со посебни потреби, а сега од вкупно 482 корисници кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјава, денеска во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување за повеќе од 44%.

СДСМ со своите одговорни политики, во изминативе две и половина години силно го интензивиравше процесот на деинституционализација.

На почетокот на мандатот институциите згрижуваа 180 деца, а денес нема ниедно дете во институциите. Сите деца живеат во заедницата – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, во средина најблиска на семејната.

Игнорирани лица со посебни потреби, руинирани Заводи, тоа е она што го оставија зад себе ВМРО ДПМНЕ и нивните кадри кои сега се околу новата техничка министерка како едни од главните советници.

И денес тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое ги игнорира граѓаните и затоа на 12 април ќе доживее нов пораз“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За само 2.5 години невработеноста падна на 17.1% и се отворија нови 60.000 работни места

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ моли ЕУ да не ни даде датум, Мицкоски и Груевски се антиевропска опција која нуди изолација

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев од Охрид: Рекордните 1,2 милиони туристи во 2019 ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во туризмот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Костадин Костадинов: Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава

А1он

(ВИДЕО) Васев: Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, во белиот дворец владее матрицата на Груевски, шефот на извршителот Мицкоски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тасевска: СДСМ обезбеди социјалната правда, ја намаливме социјалната нееднаквост меѓу граѓаните

Ана Ололовска