СДСМ: Милошоски повторно лаже, ниту една земја членка не била против нашата земја да започне преговори со ЕУ

Од:

„Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски повторно е фатен како ги лаже граѓаните.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, немаат идеја, немаат програма, шират лажни вести, безобрано и дрско лажат.

Не е точно дека која било држава e против Република Северна Македонија да започне преговори за влез во ЕУ, како што лаже Милошоски.

Напротив, ниту една земја членка не била против нашата земја.

Во заклучоците на Советот на министри на ЕУ одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

Заклучоците на Советот, како и најпозитивниот Извештај на Европската комисија се јасно и недвосмислено признание за постигнатите успеси на Владата предводена од СДСМ.

Недостојно и недозволиво е пратеник да ги лаже граѓаните за теми кои се поврзани со остварувањата на врвните национални и државни интерес како интеграцијата во ЕУ.

Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник за која што не е достоен да ја извршува“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот