СДСМ: Милошоски да си поднесе оставка од функцијата пратеник откако се докажа дека шири лажни вести

Од:

Најнеуспешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски лажеше додека беше на власт, а лаже и денес како пратеник од опозицијата, на штета на сопствената држава, вели СДСМ преку соопштение.

„Не успеаја лагите на Антонијо Милошоски во кои тврдеше дека дури 7 земји членки се против нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ. Таквите лаги и официјално се демантирани.

Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси и интересите на граѓаните.

Откако се докажа дека свесно лаже, Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно кажа и манипулираат. Милошоски не е достоен да ја врши функцијата пратеник.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата