СДСМ: Милитаристичките изјави на Мицкоски покажуваат дека е заложник на Апасиев

Од:

„Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување“, соопшти СДСМ.

„И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.

Концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во изолација од европските текови, назад во минатото.

СДСМ од друга страна е преводник на концептот за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави, бидејќи нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа дома во нашата држава, а не во туѓина“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он