СДСМ: Милионски тендери за Кочан и илјадници секунди промоција на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ Нова

Од:

„Медиумите под палката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират невистини и да ја бранат фамилијата од криминалот за последните 10 години.

Секојдневната пропаганда од ден на ден се повеќе се зголемува и режимските медиуми се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ.

Полека, но сигурно, приматот на прв медиумски пропагандист го зема ТВ Нова на Сеад Кочан.

За само три дена, според мониторнг по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР ТВ Нова емитувала 1.545 секунди позитивни прилози за ВМРО – ДПМНЕ. Позитивни прилози за СДСМ нема. Но затоа ТВ Нова емитувала дури 1.014 секунди негативни прилози за СДСМ.

За ВМРО – ДПМНЕ нема ниту една секунда негативен, ниту неутрален прилог.

Минутажа

Инаку, Сеад Кочан е сопственик и на „Трансмет“ и на ТВ „Нова“ и само во една година, само преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, добил тендери тешки близу 5 милиони евра, пари на граѓаните.

Ова покажува зошто Тв Нова одработува за ВМРО-ДПМНЕ и и ги брани криминалните активности на фамилијата.

Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори. Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!