СДСМ: Мицкоски требаше да отиде на увид на парцелите во Лисиче од спорниот ДУП на Муцунски

Од:

„Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо и за година и половина ништо нема направено и нема релизирано ниту еден проект. Заложникот на Димитар Апасиев и во слободно време шпицен градоначалник Христијан Мицкоски, денеска требаше да отиде на увид на парцелите во Лисиче од спорниот ДУП кој го турка Муцунски“, реагира СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Да ја посети локацијата каде неговиот Тимчо Муцунски сака да гради висококатници на простор со зеленило и семејни куќи.

Муцунски е ист како Данела Арсовска, пред изборите ветуваше едно, денес прави друго, ја игнорира волјата на граѓаните кои се спротивставија на неговата идеја да гради згради во Лисиче.

А што е заедничко за Муцунски и Арсовска? Заедничко е Христијан Мицкоски кој ги изневери граѓаните. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо освен што предизвикуваат штета на граѓаните и на општините кои ги предводат.

Тоа е секогаш така кога ВМРО-ДПМНЕ е власт“, се додава во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ