СДСМ: Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна, затоа бега од граѓаните и од изборите во Штип

Од:

„Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна од граѓаните за сите негови деструкции и погрешни политики. Затоа повторно бега од граѓаните, бега од изборно соочување во Штип. Воопшто не му грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните, лично тој и неговата партија се најголемата опасност, најголемата закана за јавното здравје. Од почеток на пандемијата со коронавирусот Мицкоски се труди да ја поткопа борбата против вирусот, не ги почитува мерките, оди по кафани и теретани, шири лажни вести, организира настани каде масовно се кршат протоколите“, реагираат од СДСМ, откако Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да не поднесе кандидатура за предвремените локални избори во Пласница и Штип.

„Згора на се, неговиот Вело Марковски јавно велеше дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носи маска и дека што повеќе луѓе треба да се заразат. Само губитник како Мицкоски бара вонредни парламентарни избори а бега од предвремен локални избори во Штип, истовремено. Тоа е истиот Мицкоски кој бараше парламенатрните избори да се одржат наесен. Толку е Мицкоски уплашен од граѓаните, толку е очаен и осамен. Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека наводно ќе биле небезбедни по јавното здравје. Напротив, СДСМ, институциите на изборите покажаа дека може да се спроведе изборен процес и кампања целосно  безбедни по здравјето на граѓаните. Такви ќе бидат и изборите за градоначалник во Штип и Пласница, целосно безбедни за здравјето на граѓаните“, се додава во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски