СДСМ: Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и избега од јавноста

Од:

„Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО.

Со однапред снимени обраќања Мицкоски бега од јавноста и од одговори за неговите обиди за кочење на македонската иднина.

Со тоа, Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и напредокот и остана заробен во минатото на изолација и уназадување.

Мицкоски останува пион на Никола Груевски кој по секоја цена сака амнестија за неговиот претходник.

Очигледно дека Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски. Нема да има амнестија, ниту ќе има криза.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги поддржат уставните измени и изберат иднина во ЕУ и НАТО наместо амнестија и изолација.

Но ако Мицкоски продолжи со блокада само за да обезбеди амнестија за Груевски, тогаш единствен начин се предвремени парламентарни избори организирани веднаш.

Мицкоски може да избега од јавноста, но нема да избега од волјата на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците