СДСМ: Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра, што финансирале фирми на Орце Камчев?

Од:

„Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљановска.

Прекршен е членот 71 од Изборниот законик, кој јасно одредува дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.

Сметката е затворена, а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра.

Најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.

Што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?“, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%