СДСМ: Мицкоски потврди дека го чека Груевски за нов заговор против Македонија

Од:

„Мицкоски потврди дека го чека својот шеф од Будимпешта за нов заговор против Македонија – заборавил дека Груевски оди во затвор, а тој оди на изборен пораз.

За Мицкоски членството на Република Македонија во НАТО било историска грешка. Пионот Мицкоски потврди дека е на спротивна страна од народот, на граѓаните, на прогресивните сили, на спротивната страна на целиот демократски свет.

Затоа Мицкоски денеска сакаше да поништи 660.000 граѓани кои гласаа на реферндумот. Не Мицкоски, овој народ не молчи, гласен е, силен, избра иднина, избра НАТО, ЕУ, напредок, развој.

Бадијала се закануваш дека ќе ја назадуваш Македонија. Не Мицкоски, нема да успееш да ја извадиш Македонија од НАТО, тоа е историска и стратешка определба на граѓаните и не зависи од тебе, многу е поголема од тебе.

Антизападниот Мицкоски ја губи поддршката во својата партија. Се рони пратеничката група на Мицкоски, само 33 пратеници се потпошале зад барањето за распуштање на Парламентот.

Македонија во среда седнува во своето столче во НАТО, Мицкоски се плаши за своето расклатено опозициско столче“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски