СДСМ: Мицкоски подлегна на заканите од трговците и повторно ги излажа граѓаните

Од:

Одложувањето на примената на мерката за замрзнување на маржите го потврдува она што СДСМ со месеци го говори, Мицкоски ниту е лидер ниту има капацитет да се справува со економските предизивици. Откако цели осум месеци не донесе ниедна мерка за заштита на стандардот на граѓаните, кончено под силен притисок од јавноста се одважи да најави мерка која јапредлагаше СДСМ за замрзнување на маржите. Но уплашениот и уценет премиер, за само еден ден реши да ја одложи мерката откако му се заканија трговците. Мицкоски е политичка кукавица која нема храброст да спроведе ништо во интерес на граѓаните, велат од СДСМ.

– Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води.

СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања или штета по компаниите Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот. Преговаравме, донесувавме одлуки кои беа издржани и фер за сите – и за граѓаните, и за работниците, и за компаниите.

За разлика од нас, Владата на ВМРО-ДПМНЕ осум месеци одбиваше да преземе било каква акција за контролирање на цените. Кога конечно се одлучи на замрзнување на маржите, тоа го направи без концепт без целосен пакет решенија како што нудиме ние и без јасен план како да се заштитат работниците.

Граѓаните веќе плаќаат цена за неспособноста на Мицкоски. Затоа им порачуваме да ги прифатат овие решенија како пакет мерки кои се во интерес на граѓаните и стопанството, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки