СДСМ: Мицкоски останува заробеник на човекот што го советувал

Од:

„Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, најголемото зло за граѓаните и за Република Македонија кое пустошеше 11 години со криминално и расипничко владеење.

Христијан Мицкоски, како советник на Никола Груевски во тоа време, директно учествувал во креирањето на штетните политики кои ги осиромашија граѓаните а земјава ја претворија во заробена држава, пред економски крах.

Мицкоски останува заробеник на погрешните политики на Никола Груевски кои создаваа поделби и конфликти, сосема спротивни на интересите на граѓаните и државата.

На демократски начин, граѓаните ги поразија таквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и одбраа заедништво и напредок. Македонија се обедини против ретроградните сили, се обедини околу реформите што обезбедуваат сигурна и стабилна иднина.

Македонија денес оди напред и се гради како модерна, слободна и демократска држава“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он