СДСМ: Мицкоски останува сам на браникот на криминалите на Груевски, амнестија нема да има

Од:

СДСМ обвинува дека Мицкоски повторно зборува со гласот на Груевски, во обид самиот да се дообјасни.

„На граѓаните им е јасно што сака Мицкоски: прво, Македонија да му овозможи амнестија на Никола Груевски и второ, Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ, да се откаже од врвните стратешки интереси.

Нема потреба Христијан Мицкоски да се дообјаснува, ниту едното ниту другото нема да се случи, нека не се надева напразно.

Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и оваа стратешката определба на Македонија од врвен државен интерес мора да биде почитувана.Мицкоски останува сам на браникот на криминалите на Груевски и неговите соработници.

Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена се обидат да ја блокираат иднината, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш. Од волјата на граѓаните не може да избега.

Нема да има амнестија за никого, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски