СДСМ: Мицкоски останува на спротивната страна од интересите на граѓаните

Од:

„Додека во СДСМ се заокружува процесот на промени кои се во интерес на граѓаните и имаат за цел да го забрзаат напредокот, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

Тоа е истата матрица на поделби, деструкција и одбрана на криминал.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои навиваат за неуспех, единствените кои работат против интеграција во обид да ја вратат државата назад во темното минато на изолација.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени.

Граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели членството во ЕУ и НАТО.

Република Северна Македонија оди напред и враќање назад нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците