СДСМ: Мицкоски не знае веќе каква лага да измисли

Од:

„Антизападниот Мицкоски не знае, веќе нема идеја ниту каква нова лага да измисли за министерот Спасовски.

Ништо ново од Мицкоски кој е дел од оние што сакаат да го поткопаат Договорот од Преспа, кој се профилираше како антизападен, анти НАТО и анти ЕУ.

Министерството за внатрешни работи веќе ги демантираше дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ. Нема никакви неправилности при набавката на бланко обрасци за патните исправи. Надлежното министерство презема законски мерки неопходни за обезбедување непречено издавање на патни исправи за сите граѓани, согласно Договор за изработка на патни исправи и лични документи склучен уште во 2017 година.

Јасно е дека станува збор за редовна постапка, вообичаена како и секогаш до сега. Патните исправи мора да се издаваат непречено имајќи предвид дека за евентуалните промени по усвојувањето на уставните измени е потребно време.

Очигледно Мицкоски не може да се помири со успешната работа на Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски и затоа постојано шири лажни вести.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се загрози и уништи македонскиот идентитет, јазикот и посебноста. Тоа не само што не се случи, туку македонскиот идентитет, јазик и посебност се дополнително зајакнати.

Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ од преамбулата на Уставот. Со уставните измени кои се во завршна фаза се потврдува дека АСНОМ и одлуките на АСНОМ се зацврстени, обезбеден е историскиот континуитет на државноста.

Лагите и дезинформациите на Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ не поминуваат. Граѓаните ја победија деструктивната матрица на Гревски и Мицкоски и одбраа иднина во НАТО и ЕУ.

Македонија оди напред а Мицкоски останува заглавен во сопствената деструкција и лажните вести“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците