СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Од:

Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците. Нема веќе изговори, сè е јасно како ден. Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо работниците кои едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ.

– Со ова се потврдува дека цело време СДСМ е конструктивна опозиција но владата на ВМРО ништо не прифаќа. Не прифати предлог за покачување на минималната плата, не прифати Анкетна за трагедијата во Кочани, не прифати Резолуција против мигранти за пари, не прифати законски решенија за намалување на цената на храната, не прифати закон за поддршка на приватните компании и покачување на платите. На ВМРО им смета тоа што СДСМ не е контролирана опозиција како некои други партии. СДСМ останува на страната на работниците, на страната на граѓаните, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски