(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски не им се извини на граѓаните и покажа дека не ги почитува

Од:

„Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше, не им се извини за театарот пред болницата 8-ми септември.

Со тоа Мицкоски уште еднаш потврди дека не ги почитува граѓаните.

Граѓаните го гледаат и го ценат ваквото неодговороно и несериозно однесување на Мицкоски.

Насилничките сценарија и лажните вести се единствените политики на нервозниот Христијан Хидро Мицкоски.

Мицкоски се демантираше самиот себе си за неколку секунди. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата а само за неколку секунди самиот призна дека не е точно.

Обидот на Мицкоски и Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста вмешаност на врвот на ВМРО-ДПМНЕ во крвававиот 27 април како главни осомничени за организирање на насилствата, не успеа.

Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да има“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците