СДСМ: Мицкоски намерно излажа дека државата има само 100 теста за коронавирус

Од:

„Немаат крај фрустрациите и очајот на Христијан Мицкоски кој и во најголема здравствена криза продолжува да шири политикантство и дезинформации.

Целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, само фрустрираниот Мицкоски очајно шири лажни вести и неоснована паника.

Со таквото однесување, со свесното ширење лажни вести, Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Лажните вести на Мицкоски се одраз на неговата неодговорност и неспособност.

Не е точно дека нема тестови за коронавирус, оваа е безобразна невистина на Мицкоски која е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.

Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники., а со првичната набавка неделно се надополнува количина од по 2.000 теста.

Не е точно ниту дека ќе се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери.

Работниците, пензионерите, граѓаните може да бидат спокојни, државата е тука за нив и помага.

Нема да дозволиме Мицкоски да ги загрози пензиите на 515.000 пензионери. Небулозните „мерки“ на Мицкоски со кои бара да се земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд се неприфатливи и тоа нема да се дозволи.

Ако веќе не може да помогне, Мицкоски нека не одмага, а своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните.

Владата, институциите покажаа подготвеност и капацитетност да се справат со кризата, преземаат навремени мерки и тоа ќе продолжат да го прават и понатаму“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции