СДСМ: Осомничениот Димитар Димовски е дел и од заедничката фирма со Мицкоски

Од:

Нервозата на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е голема затоа што не можат да го одбранат криминалот на режимот, велат реагира СДСМ откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека вчерашните апсења се политички прогон.

„Мицкоски се плаши од правдата. Особено имајќи предвид дека осомничениот Димитар Димовски е дел и од заедничката фирма токму со Мицкоски, која добива државно земјиште за бизнис со хидроцентрали од владата на Груевки.

Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сите што прекршиле закон мора да понесат одговорност, пред надлежните правосудни органи.

Времето кога судството и обвинителството беа партиски органи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Законите важат за сите подеднакво, секој што прекршил закон мора да одговара.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он