СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се да создадат политичка криза, но од изборен пораз нема да се спасат

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден клучен момент за државата не покажаа одговорност и професионалност, туку напротив со сите сили се трудеа да ги саботираат успесите на државата, како што сега пробуваат да попречат демократски процес.

Пропаднатиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат избори и институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред“, велат од СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски забораваат дека на граѓаните им е свежо сеќавањето за нивното крајно неодговорно и деструктивно однесување за време на коронакризата, коешто им создаде паника и страв.

Без воопшто да се грижи за здравјето на граѓаните, на почетокот Мицкоски се потсмеваше и ја потценуваше здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ширеа лаги и манипулации само за да внесат недоверба кај граѓаните во институциите кои се уште вложуваат натчовечки напори да го зачуваат здравјето на граѓаните, да ја спасат економијата и да ги поддржат сите граѓаните и компании кои се погодени од коронакризата.

Сите лаги на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се срушени.

Штетните и опасни идеи на неподготвен и неспособен политичар како Мицкоски, државата да тоне и да ја попречува новата нормалност, нема да успеат.

Осамени се во нивната деструктивност и ништо не може да ги спаси од пораз на изборите во јуни или на „дата икс“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата