СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна во борбата со коронавирусот

Од:

Во борбата со коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна, затоа се против нормализација и се плашат од избори, велат од владејачката СДСМ.

„Како што полека  ја добиваме битката со коронавирусот, така неодговорното и несериозно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Игор Јанушев прогресира. Во борбата против коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна и ќе останат запаметени по тоа што се исмеваа и ја потценуваа пандемијата, а потоа се посветија целосно на деструкции и лажни вести. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од  демократски мегдан и се плашат од избори. Тоа е причината поради којашто не сакаат функционално Собрание, нормализирање на состојбата и имаат уплав од избори. На граѓаните, на државата им се потребни функционални институции, враќање на нормалниот колосек на европските интеграции“, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека штом се стабилизира епидемијата, во првиот можен рок треба да се реализираат изборите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?