СДСМ: Мицкоски го негира македонскиот јазик, лаже дека е кодификуван 1977

Од:

Христијан Мицкоски го негира македонскиот јазик, гостува по странски телевизии и шири срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година. Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот мајчин јазик велат од СДСМ.

– Наспроти ваквите срамни тврдења на Мицкоски дека македонксиот јазик е кодификуван во 1977 година, секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик се случила и многу порано и дека е поврзана со Решението на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука и со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година. Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука. При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси. Мицкоски треба да си ги научи корените а се до тогаш да престане да оди по странски телевизии и да се брука себеси и граѓаните тврдејќи дека македонскиот јазик бил кодификуван 1977 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана