СДСМ: Мицкоски е во заложништво, секое утро проверува што кажал Апасиев

Од:

Христијан Мицкоски е во заложништво на Димитар Апасиев и Левица, кои се сериозна закана на нашиот европски пат.Економската криза и последиците од неа, ги очајува луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса на Апасиев кој е агент на хаосот велат од СДСМ.

– Апасиев станува посилен и поопасен а причината за тоа е што Мицкоски е слаб, нема став, нема визија. Затоа Мицкоски секое утро прво што прави е проверува што кажал Апасиев, па водејќи се од тоа, во Белата Платата дава наредби каква ќе биде нивната комуникација тој ден. Затоа Мицкоски се однесува лицемерно, дека еден ден кажува едно, друг ден второ. Затоа Мицкоски еден ден вели дека ја поддржува интеграцијата во ЕУ, а веќе следниот ден во Собранието ја блокира сета законска регулатива што се однесува на ЕУ. Мицкоски е човек без визија кој заедно со Апасиев сакаат да ја вратат државата врати во темното минато на страв, изолација и внатрешни поделби, но СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он