СДСМ: Мицкоски е во нов обид да го блокира напредокот на земјата

Од:

„Државата за само 2 години успеа да изгради институции и да создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.

Со последните случувања се покажува дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја. Сите се еднакви пред законите.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена“, соопштуваат од СДСМ.

„Единствено Христијан Мицкоски е против правдата. Со неуспешно алиби Мицкоски и е во нов обид да се блокира напредокот на земјата.

Единствената работа за која се грижи е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со, или без него.

СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он