СДСМ: Мицкоски е најголемиот бранител на криминалците

Од:

Христијан Мицкоски секојдевно докажува дека е единствен и најголем бранител на криминалот и криминалците. Тој не може да се помири што денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот – одговара, нема повеќе недопирливи – велат од СДСМ во соопштение.

„За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите. Затоа за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите и нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин. Мицкоски е поразен политичар без став, без идеја кој не донесе ништо ново, тој е срам за десницата во Северна Македонија“ – се вели во соопштенеито од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски