СДСМ: Мицкоски да одговори кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката

Од:

Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски, реагина СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани.’, заклучи СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината