(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да не се крие зад народот и да каже за својата улога при нападот врз пратениицте

Од:

„Христијан Мицкоски вчера призна дека бил во толпата пред Собранието и учествувал во настаните од 27-ми април.

Откако го потврди присуството Мицкоски треба да одговори која била неговата улога на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беше загрозен уставниот поредок на Република Македонија?

Со тоа што ги брани насилниците кои ги загрозија животите на пратениците, новинарите и вработените во Собранието, Мицкоски покажува дека ја има истата матрица на неговиот претходник Никола Груевски“, рече Михаела Иванова, СДММ.

„Очигледно Мицкоски не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и не сака вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и конструктивен политички субјект што активно ќе учествува во реформскиот процес.

Мицкоски нека не се крие зад народот туку да излезе и да одговори за неговата улога на 27-ми април.

Затоа што народот, граѓаните не поддржуваат насилство, поделби и конфликти. Граѓаните не се за насилство туку за концептот на едно општество за сите, што силно го поддржаа на последните неколку избори“, изјави Михаела Иванова, СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците