СДСМ: Мицкоски да ги повика Вељановски, Милошоски и Димовски да поднесат оставки

Од:

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив не само што ништо не се менува, туку напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, деструкција и антидржавно однесување, вели СДСМ преку соопштение.

„Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Од друга страна, тоа не е случај со пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела. Напротив, тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.

Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични да си поднесат оставки од своите функции.

Во најмала рака за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија