СДСМ: Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето, аболицијата на криминалци нема да заживее

Од:

„СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на Иванов.

Ова е шанса за пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците.

Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО правда мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани освен режимската ВМРО-ДПМНЕ.

Со отворање на постапка пред Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали.

Инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ во судството и обвинителството прават се за да го попречат владеењето на правото и да го урнисаат правосудниот систем.

Но, колку тоа да им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски или не, граѓаните и институциите нема да им дозволат да го опструираат правосудниот систем“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски