СДСМ: Мицкоски бега од лидерска

Од:

„Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата.

Мицкоски бега од лидерска.

Има забелешки за попис а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива“, се вели во соопштението на СДСМ

„Мицкоски е против правдата. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство.

Со половина уста бара предвремени избори, а не сака да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби.

СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.

Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее.

Напредокот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар