СДСМ: Мерењата потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваше загадување

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за загадувањето, откако 11 години систематски го зголемуваше со своите погубни политики, со сечење дрва, уништување паркови, проектот Скопје 2014, со лажниот барок, жалбите врби и палмите. Тоа е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за чистиот воздух“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваше загадување, централната власт и локалните власти на СДСМ изминатите години реализираа мерки за намалување на аерозагадувањето, како субвенционирање на инвертори, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, нови паркови, зелени покриви, замена на дел од прескапо платените кинески автобуси загадувачи, проектот за најеколошки БРТ превоз во Скопје.

Аерозагадувањето во изминатите четири години се намали 33%. Тоа се потврдува со бројките од мерењата на ПМ10 честичките на скопските мерни станици. Во 2015 година просечно имало 71.30, а во 2020 47,70. Максималната среднодневна вредност на ПМ10 честичките во јануари во 2015 година изнесувала 560, во 2017 508, а во 2021 година само 162.

Колку и да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги побијат и извртат бројките.

Тие покажуваат дека мерките за намалување на загадувањето на воздухот во времето на градските власти на СДСМ во изминатите години давале резултати, загадувањето на воздухот било намалено.

И наместо празни обвинувања, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ конечно треба да се фати за работа и да ги испорача ветувањата дадени на граѓаните, а не секојдневно да ги разорачарува“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“