СДСМ: Медиумските курири продолжуваат да шират лаги и да ги бранат срамните одлуки на Уставен суд

Од:

„Наместо да го штитат интересот на јавноста куририте на Никола Груевски се ставија во одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот со изборните измами.

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, го рушат функционирањето на правдата и правната држава.

А медиумските курири пак ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Куририте и медиумскиот мрак му се потребни на Никола Груевски за да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски