СДСМ: Медиумските курири и партиските послушници во судството го бранат изборниот криминал на Груевски

Од:

Партиско-фамилијарните испостави на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во судството се директно поврзани со медиумскиот мрак. Затоа медиумските курири ги бранат срамните, партиски диригирани одлуки на Уставниот суд во обид да се заштити Никола Груевски за изборниот криминал. Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор, велат од опозициската партија.
 
Оттаму велат дека медиумските курири и партиските испостави во судството го бранат изборниот криминал на Никола Груевски. Затоа повеќе од две недели нема одговор на прашањето дали позицијата директорка за регулатива и големопродажба во Телеком во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева.
 
„Главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
 
Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.
 
Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.
 
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
 
Ова е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он