СДСМ: Медиумските курири ги бранат срамните одлуки на Уставниот суд

Од:

„Медиумските курири грчевито ги бранат срамните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски.

Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава.

Медиумските курири пак, наместо да го штитат интересот на јавноста се ставија во одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот со изборните измами.

Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и медиумските курири во суштина го признаа изборниот криминал и изборните измами за коишто веќе се покренати постапки.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Куририте и медиумскиот мрак му се потребни на Никола Груевски за да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел