СДСМ: Масовната партизација беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е навикната на масовна партизација и злоупотреба на институциите пред избори и затоа гледа наводни скандали во секоја редовна активност на јавните и државните претпријатија.

Таквиот однос кон институциите и граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Не е точно дека во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје ќе се вработуваат 700 лица како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Според јавно достапните податоци, станува збор главно за продолжување на истечени договори на веќе вработени лица, како и пополнување на испразнети работни позиции.

Сите државни институции и државни и јавни претпријатија, денес работат независно и професионално, а работните места се пополнуваат согласно годишните програми на институциите и претпријатијата.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред, што невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во добар правец и затоа не престанува со ширењето лажни вести што е нивен единствен начин на дејствување“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците