СДСМ: Македонија ја очекува новата Влада

Од:

„Демократските процеси се одвиваат согласно Уставот, законите и Деловникот. Тоа го знае целата домашна но и меѓународна јавност што го поздрави именувањето на новиот собраниски претседател.

Сите сега ја очекуваат новата реформска Влада на граѓаните на Македонија којашто е државен приоритет.

ВМРО ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжуваат со лагите за личните интереси на Никола Груевски.

Злоделата и криминалните врски на раководството на ВМРО ДПМНЕ со убијци, криминалци и проблематични разуздани структури кои тешко повредија пратеници, новинари и вработени во Собранието на Р.Македонија ги виде цела домашна и меѓунарoдна јавност и тие не смеат да се повторат.

Сите поттикнувања на омраза, тензии и насилни активности се тешки противуставни кривични дела за коишто законски се одговара“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Драган Данев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски