СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината, ова не е статистика

Од:

Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, велат од СДСМ.

„Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година, изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ресурси – осум пати повеќе од просекот во последните 17 години! И оваа година катастрофата продолжува. Бројни пожари во изминатите месеци ја опустошија земјата. Мицкоски ветуваше дека оваа година државата ќе биде подготвена, дека ќе има организација и координација за справување со пожарите. Ништо од тоа, нема ниту организација, нема систем, нема нова опрема, нема повеќе пожарникари, нема ништо. Повеќе од 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел. Тоа се илјадници хектати уништени дрвја, зеленило, природно богатство, и трајна еколошка штета. Генерации треба да живеат со последиците од оваа негрижа. Кој во власта ќе одговара за катастрофата со пожарите во која изгоре 20% до територијата? Кој ќе понесе одговорност за пустошот што остана, прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме